Катица сокриена зад псевдонимот „мајка” во пораките на Боки 13 и адвокатот Димишков

На денешното судење за случајот „Рекет” продолжи изведувањето на материјалните докази предложени од обвинителството.

 

Обвинителката Ивана Трајчева прочита смс комуникација помеѓу Бојан Јовановски и адвокатот Васил Димишков, а во именикот на Боки 13 запишан како Васе, пренесува „Фокус“.

Тие комуницираат во ноември и декември 2018 година, а во врска со случајот „Империја”. Сепак нивната комуникација не е во целост разбирлива, па така Димишков му пишува:

-Денес и шоферот на водата го земале. Тој бил поштарот што дава пошта по сандачиња, му пишува Димишков на Јовановски.

Потоа следуваа неколку пораки преку кои се договараат за состанок во телевизијата 1ТВ, но и на други локации.

И во наредните неколку месеци, продолжува нивната комуникација. Тие си испраќаат документи од СЈО, односно испратени мислења од обвинителството до судот.

Димишков му пишува неколку пораки на Јовановски, користејќи ја шифрата „мајка”.

-Извини дали може да ја потсетиме „мајка”, се уште не е пристигнато, а веќе при крај е работното време.

-Те молам види со „мајка” до каде се?”, пренесува Фокус.

-Дали имаш инфо од “мајка”? го прашува Димишков соговорникот Јовановски.

Сепак, од пораките не може да се дознае контексот на нивниот разговор, поради што нејасна е до крај улогата на адвокатот Димишков.

Судењето е во тек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега