Башевска: Со закон таткото да мора да оди 3 месеци на породилно отсуство

Невладиниот сектор повеќе од 10 години бара да биде поделено правото на родителите да отсуствуваат од работа кога ќе им се роди дете.
Претседателката на организацијата „Реактор“ Марија Башевска за Детектор вели дека е неопходно „породилното“ отсуство задолжително да го користи и таткото, односно и тој да биде задолжен определен период да отсуствува од работа за да се грижи да тукушто роденото дете.

„Во моментов носители на правото на родителско односно породилно отсуство како што се нарекува во нашиот закон се само мајките. Татковците можат да искористат дел од тоа породилно отсуство само доколку мајката се откаже односно не е во можност да го земе. Значи татковците не се носители на такво право. Имаат можност да земат до 7 дена но тоа се води како боледување но не како породилно отсуство. Крајно време е да го направиме тоа како земја. Треба да ја видиме таа одлучност и од креаторите на законот“ – вели Башевска

Таа вели дека за ова разговарале и со креаторите на законите и дека имаат чувство дека постои расположение за вакви измени.  Вели дека невладиниот сектор веќе има изготвено анализи и истражувања кои може да се користат како појдовна основа.

„Не секогаш од сам старт еднаквата поделеност е можеби најдобриот модел. Но она што ние треба да го направиме е да почнеме да воведуваме полека, дали тоа ќе биде минимум еден месец, ние инсистираме да бидат минимум 3 месеци кои што ќе бидат непреносливи за таткото и кои што ќе дадат можност родителите да го комбинираат тоа отсуство меѓутоа барем еден месец на почетокот на добивањето на детето, за партнерите да можат да сфатат како изгледа тој процес и да можат да го учат родителството“ – вели Башевска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2020 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега