Детектор анкета: Речиси половина од граѓаните сметаат дека има доволно жени во политиката

Без малку половина од граѓаните поддржуваат позитивна дискриминација за да се зголеми бројот на жени во политиката, покажува најновата анкета која за Детектор ја подготви Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 45,9% од анкетираните даваат зелено светло за позитивна дискриминација за да се зголеми бројот на жени во политиката додека 36,7% се против овој чекор.
46,7% од анкетираните сметаат дека во македонската политика има доволно жени додека 41,7% сметаат дека треба да има повеќе.
Институтот за политички истражувања во периодот од 28 до 31 јануари спроведе телефонска анкета по нарачка за Детектор. Анкетата е спроведена врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2020 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега