Секоја четврта жена на интервју за работа добива прашање дали планира да роди деца

Секоја четврта жена при интервју за работа добива прашање дали планира да има деца, покажува најновото истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 26,5% од анкетираните велат дека или тие или некоја нивна блиска личност при интервју за работа добила прашање дали планира да има деца, што е спротивно на законот.
61,2% од анкетираните велат дека не знаат дека некој добил вакво прашање.
69,6% од анкетираните велат дека не познаваат некој кој бил отпуштен од работа поради бременоста додека 18,5% имаат информации и за такви случаи.
61,6% од анкетираните сметаат дека жените почесто се жртви на мобинг на работното место. 7,1% сметаат дека мажите почесто се жртви на вознемирување од претпоставениот на работното место додека 31,8% велат дека немаат одговор на ова прашање.
54,9% од граѓаните сметаат дека мажите и жените имаат еднакви можности за професионален развој и напредок, додека 32% се убедени во спротивното.
Кога ќе се направи поделба на одговорите според половата структура резултатите покажуваат дека жените за разлика од мажите во поголемо мнозинство сметаат дека во Македонија полесно ќе напредуваш доколку си од машки пол.

Па така, 41,6% жени се на став дека мажите и жените во Македонија немаат еднакви шанси за професионален напредок, додека 44,5% се убедени во спротивното.
Кај мажите, дури 65,7% сметаат дека полот не играа улога кога станува збор за шансите за професионален напредок, додека само 22,1% се убедени во спротивното.

49% од анкетираните сметаат дека и мажите и жените се рамноправно застапени во јавниот сектор додека 34,1% се убедени во спротивното.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена во периодот од 28 до 31 јануари врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2020 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега