Заев: Нема застој при носењето економски одлуки

Во 2016. година Пржинската влада имаше смисла затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја имаше узурпирано државата со премногу направени проблеми. Но, кога бевме во фаза да го потпишеме Преспанскиот договор, тие не условија дека ќе седнат на маса ако ветиме техничка влада и за следните избори. Со оглед дека бевме условени, ние моравме да прифатиме, пак заради доброто на државата, само за да го финишираме решението со спорот за името. Се согласувам со критиките дека овој модел денес носи кавги.

Ова го истакна претседателот на СДСМ во интервјуто за Клан, додавајќи дека иако јавноста е сведок на постојани препукувања на министрите од СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, сепак поважно е дека нема застој при носењето економски одлуки. 

 -За мене е важно да не прекинат економските процеси, на кои сме фокусирани откако на меѓународен план ја етаблиравме државата. Донесена е одлука за Чебрен и Галиште, одлука за Осломеј, одлука за гасификација на државата, со еден збор, одиме напред и очекуваме така да продолжиме и после избори, рече Заев.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2020 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега