Обвинетите од „Монструм“ насмеани си правеле селфи со Заев во позадина додека давал изјава

Доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, на барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро во април 2012 година, сведочеше на денешното рочиште за „Монструм“ во Кривичниот суд.

Заев кажа дека сите материјали кои ги поседувале во СДСМ и во кои имал увид како претсетел на партијата, биле предадени во СЈО.

Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ си направија селфи пред Кривичниот суд додека поранешниот премиер Зоран Заев даваше изјава за медиумите по сведочењето во судницата, објави МКД.мк

Додека Заев одговарална новинарски прашања, како што пренесува МКД.мк, од неговата десна страна биле застанати родителите на убиените момчиња, а лево од него стоеле тројцата обвинети, кои со насмевка излегле од Кривичниот суд.

Во еден момент обвинетиот Хаки Азири го кренал мобилниот телефон и свртен со грб кон Заев и кон новинарските екипи, кои во голем број го следеле неговото сведочење, си направил селфи фотографијасо другите двајца обвинети, наместени за во заднината да се гледа поранешниот премиер.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега