Министерот Чулев во работна посета на СВР Штип

Министерот Наќе Чулев денеска беше во работна посета на СВР Штип.

На средбата со раководството на СВР Штип министерот Чулев истакна дека е потребно сите да дадат свој придонес за обезбедубање фер, демократски и мирен изборен процес и дека за тоа потребна меѓусебна соработка и координација.

Министерот, исто така, информираше и за соработката со ОБСЕ преку која ќе се едуцираат полициските службеници за препознавање и сузбивање криминал поврзан со изборни нерегуларности.

Според министерот Чулев, на нашата држава и на сите нас ни се потребни кристално чисти избори. На средбата во СВР Штип, министерот беше информиран и за актуелната безбедносна состојба на ова подрачје и дека статистичките податоци во 2019 година покажуваат благ пад на вкупниот криминал.

Министерот беше информиран дека останува проблемот со опожарените возила, односно дека во скоро сите случаи мотивите се исклучиво криминални. Министерот, ги охрабри и повика колегите да продолжат активно да работат на расчистување на овие случаи.

Министерот Наќе Чулев, исто така, имаше средба и со здружението на бранители „Бедем“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2020 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега