Груби: Да најдеме заеднички јазик за ЈО

ДУИ поддржува усвојување на закон на ЈО, се надеваме на заеднички консензус, тоа е системски закон и се надевам ќе изнајдеме заеднички јазик.

Ова го изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби во денешната дебата на телевизија Телма.

-Малку е чудно сето тоа што се одвиваше овие 2 дена во Собранието. Имавме јавна расправа а немавме никаков нацрт текст на закон. Се разгувараше за друг текст кој не е во процедура, и имавме еден куп експерти кои разговараа за регулации, но сето тоа не беше деловничко. Закон за ЈО веќе имаме во процедура заедно со закон за Судски совет, усогласивме повеќе амандмани. Гледаме дека во нацрт текстот не стојат тие амандмани кои беа прифатени од комисијата за европски прашања, вели Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега