Шахпаска: ВМРО ги блокира сите закони во интерес на граѓаните

Пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма, порача дека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законите во Собранието кои се интерес на граѓаните. 

- ВМРО ДПМНЕ ги кочи сите Закони којшто испорачуваат и адресираат проблеми на граѓаните, зошто го кочите Законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите?, Зошто го кочите Законот за лустрација кој го користевте за лов на вештерки и неистомисленици на тогашнато владејачко мнозинство? Зошто Законот за легализација на земјиштето, зошто законот за урбанистичко планирање со 250 амандмани којшто ги усогласија заедно двете работни групи? Бевте против детски, против образовен додаток. Три месеци го кочевте Законот за спречување на корупција, а не гласавте за Законот за минимална плата, излеговте, порача Шахпаска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега