Драма во Македонски Брод: Маж застрелан во одгледувалиште на диви свињи

Вчера во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во 09 часот и 50 минути во Здравствен дом Македонски Брод со повреди бил донесен С.П.(63) од Македонски Брод.

Според пријавеното, тој бил повреден од огнено оружје во одгледувалиште на диви свињи во атар на село Грешница, Македонски Брод, така што Т.Т.(50) од Македонски Брод, вработен како ловочувар, поради невнимание испукал проектил кој го погодил С.П.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега