Телевизорот кој го добиле за Водици и парите кои ги собрале ги донирале за лекување на Ангел

Момчиња од населба Бардовци по повод празникот Водици и скокањето по Светиот крст во реката Лепенец организираа хуманитарна акција, пренесува Вечер прес. Парите кои ги собрааале и телевизорот кој го добиле ги донирале на малиот Ангел Аврамовски (детето кое беше повредено од лулашка тешка 110 килограми и кое две недели ги помина во кома).

– Лекувањето на малиот Ангел е сеуште во тек. Нека бидат пример овие млади момци, ова е одговорност, хуманост, етика, смислата на животот, солидарност кон околината, ова е тоа кое не прави големи. Да сте живи и здрави дечки – објавија на Фејсбук од групата на Тоше Проески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега