Одлуката на ДИК за началник на СВР Скопје се очекува утре

Во ДИК стигна барањето на техничкиот министер за внатрешни, Наќе Чулев околу одлуката за началник на СВР Скопје.

Ова за Телма го потврди претседателот на комисијата Оливер Дерковски.

Тој вели дека барањето е пристигнато попладнево, па нема можност за организација на седница во текот на денот.

Рокот за одлука е 24 часа, па најверојатно одлуката ќе се донесе утре.

Инаку дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска не го потпиша решението на Чулев, со кое тој го избра Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје.

Како што рече, причина за ова е што го има во прислушуваните разговори кој, според Петровска е поврзан со изборни нерегуларности од минатото.

Според законот, за вакво решение без потписи од двајцата министри, сега надлежна е државната изборна комисија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2020 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега