Пендаровски со честитка: „Медена земја“ има огромен придонес за нашата афирмација

Претседателот Стево Пендаровски му честита на тимот на „Медена земја“ за номинациите за два Оскара.

– Честитки за тимот на „Медена земја“ за двете номинации за #Оскари2020, успех кој за првпат го постигнува македонски филм! „Медена земја“ има огромен придонес за нашата афирмација во меѓународни рамки, но и за едукацијата и јакнење на граѓанската свест за нашето влијание на балансот во природата. Да инвестираме и поддржуваме уште многу културни производи кои го поттикнуваат креативниот потенцијал на нашето општество. #МеденаЗемја #Honeyland #Oscars2020, напиша Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2020 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега