Заев: Со Борисов ќе поразговараме и за срамното негирање на македонскиот идентитет и јазик

Премиерот Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг зборуваше за таканаречениот мал Шенген и неговите придобивки.

– Унпаредување на соработката во Западен Балкан. Акцелератор на нашето членство во ЕУ. Берлинскиот процес, ЦЕФТА, Аико… не се доволни. Ние можеме и сами повеќе. Имаме историска шанса, бидејќи балканските лидери седнуваат заедно. Околу 5 години ќе го скрати патот кон ЕУ. Се работи за практични и конкретни работи. Тоа не е ниту Шенген ниту мала Југославија, туку шанса за подобрување на самите себе си, изјави за УБ Зоран Заев.

Заев се осврна и на договорот за добрососедство со Бугарија.

– Наскоро ќе се сретнам со Борисов и ќе поразговараме за натамошната реализација на договорот со Бугарија. Се надевам дека ќе поразговараме и за срамното негирање на македонскиот идентитет и јазик. Не е паметно да го доведеме во прашање стратешкото партнерство со нашите соседи. Тоа беше наш приоритет и ќе остане наша цел, изјави Заев.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега