Продолжува судењето за „Рекет“- ќе сведочи заменичката на Јанева во СЈО

Денеска продолжува судењето на случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка. За денеска е закажано сведочењето на поранешната заменичка на Јанева Елизабета Јосифовска. Таа е сведок на Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Во август минатата година Јосифовска ја потпиша одлуката за одобрување времен пасош на бизнисменот Јордан Камчев.  Јосифовска ја заменуваше Јанева која во тој период била на одмор. Во исказот , Јосифовска кажа дека мислењето за пасошот на Камчев била одлука на Јанева и како нејзина заменичка била должна да ја потпише и дека тогаш таа немала никакви информации  или индиции дека во позадината на сето ова стои нешто криминално.

Третообвинетиот во овој случај, Зоран Милевски Кичеец призна вина и доби три години затвор.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2020 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега