Се роди Изабела – првото бебе во Велес во 2020 година

Утринава на 2 јануари 2020 година, во 09:08 часот, Марија Иванова ја донесе на свет, Изабела – првото новороденче во Велес во 2020 година.

Бебето е тешко 3420 грама, а долго 52 см. Ова е втора рожба на Марија.

Традиционално, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски го посети првороденото дете во Велес и неговите родители и им подели подароци, посакувајќи им добро здравје и многу среќа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега