Во штипската Клиничка болница првото родено бебе во 2020 е машко

Ана Божинова (28) роди здраво машко дете на 1 јануари во осум часот и пет минути во штипската Клиничка болница, со што малиот Матеј е првото новороденче во Брегалничкиот регион. Божинова вели дека е родена штипјанка, а е мажена во Радовиш.  Вработена е како медицинска сестра во рудникот „Бучим“.

– Бебето ми е втора рожба тешко е 3.100 килограми и е долго 49 сантиметри. Голема благодарност до вработените на акушерското одделение, вели Божинова.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска беше во посета на Одделението за гинеколгија и акушерство, каде што на мајката и првото новороденче им врачи штедна книшка од 10.000 денари и пригодни подароци.

– Секоја година овде доаѓаме за убав настан, да го посетиме прво роденото бебе во 2020 година. Од акушерското одделение ме информираа и дека до денес 2 јануари веќе има шест родени бебиња, што значи ќе биде успешна и оваа година, плодна со многу дечиња, вели Бочварски.

Гинекологот Наталија Атанасова вели дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Забележува дека минатата година на ова одделение се родени 708 бебиња не само од Штип, туку и од остантите општини од источниот регион.

– Со царски рез се 35 посто од породувањата, остатокот се спонатни породувања, процентуално машки и женски имаме мал пораст на новородени машки деца, вели Атанасова.

Во новата година соодност меѓу родени машки и женски деца е ист, односно родени се три машки и три женски деца. Во 2018 година имале 817 породувања, што во споредба со 2019 година се бележи пад од над сто новороденчиња.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев рече дека и во 2020 година ќе бидат чувари на здравјето на пациентите од целиот источен регион. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2020 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега