Полицијата се уште во потрага по судијата Теофиловски

 

Првоосомничениот судијата Зоран Теофиловски, инаку од лани член на Судскиот совет, се уште е во бегство, а полицијата го бара по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во случај во кој има и петмина уапсени службеници од Општина Тетово..

„МВР нема официјална информација дека дефинитивно првоосомничениот е недостапен за органите на прогонот. Кога ќе се случи тоа, се распишува домашна, а по потреба и меѓународна потерница”, гласи последниот одговор на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Теофиловски е под истрага од Обвинителството за организиран криминал е сегашниот член за противправна легализација на државно земјиште и е осомничен за злоупотреба на овластување заедно со седум други лица. Според обвинителството, тие го оштетиле буџетот за 860.000 евра, продавајќи парцела од 4.410 м2 на здружението Љууботен Тетово за 43 денари за метар квадратен, или вкупно околу 188.000 денари.

Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе даде наредба да се распише национална и меѓународна потерница за Зоран Теофиловски кој е член на Судскиот совет, доколку судија на претходна постапка му определи мерка притвор. 

Од Општина Тетова излегоа со известување дека се работи за случај кој датира од 2012. Вчера беше закажана седница на Советот, тој не се појавил на работа. Мобилниот телефон му е исклучен. Теофиловски е член на Судскиот совет една година и беше предлог од судската фела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.12.2019 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега