Макрадули: Сите го дишеме истиот воздух, потребно е време

 Секое министерство коордирано настапува во своите активности околу аерозагадувањето, по налог и задача од премиерот Зоран Заев, одговори заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на новинарско прашање во врска со заклучокот од синоќешната седница на Советот за безбедност дека надлежните институции дејствуваат некоординирано во врска со аерозагадувањето.

– Не добив таков впечаток на синоќешната средба. Мислам  дека сите министертсва со своите активности придонесуваат за намалување на аерозагадувањето. По иницијатива на премиерот Заев  издвоени се и програмите во рамките не секое министерство што ги прави и сведоци сме дека секое министерство си има свој дел на акивности. Министерството за внатрешни работи менува затоплување во три полициски станици,  Министерството за одбрана идната година ќе го промени затоплувањето во една касарна, Министерството за економија субвенционира енергетска ефикасност и набавка на соларни панели, Министерството за транспорт и врски инвестира околу 30 милиони евра во гасификацијата, Министерството за образование ни помага исто така околу енергетската ефикасност, рече Макрадули при денешната посета во ООУ „Живко Брајковски“ во Општина Бутел.

На новинарско прашање, заменик министерот Макрадули одговори дека Планот за почист воздух ги дава резултатите и оти за тоа соработуваат со научната фела.

Тој потенцира дека со замена на неефикасните еколошки извори на затоплување во неколку европски земји се придонело за намалување на аерозагадувањето, посочувајќи дека во овој момент паралелно течат исти проекти во Полска, Чешка, Словачка и Бугарија.

Заменик министерот упати апел до општините да преземаат дел од одговорноста, бидејќи, како што рече, тие се на потег со сопствени средства да учествуваат во замената на нееколошките извори на затоплување.

Во врска со возилата, посочи тој, она што го прави Градот Скопје е набавка на еколошки автобуси, а Владата субвенционира замена со плин. Тој нагалси дека со новиот закон ќе се врши позитивна дискриминација, па така оние возила што загадуваат помалку ќе плаќаат помалку, што треба да ги стимулира граѓаните да водат сметка за типот на возилото за кое ќе се определат.

Макрадули истакна дека аерозагадувањето останува заедничка борба во која секој придонесува и со личен пример.

– Минатата недела кога имаше магла и пет дена ветерот беше нула километри на час, ние не достигнавме високи концентрации. Нормално, јас секојдневно сум загрижен, бидејќи сите го дишеме истиот воздух. Но, очигледно е дека деновите кои ги надминуваат граничнните вредности се намалуваат, но дали доволно се намалени. Тоа е трендот со којшто мораме да продолжиме. Доколку одеднаш би имале моќ да ги промениме сите печки на мазут би било идеално, но за тоа се потребни време и средства. Но, тој е патот по којшто мораме да одиме и затоа сум упорен во убедувањето на сите чинители. Тоа е заедничка борба во која секој придонесува и со личен пример, но се разбира Владата треба да даде пример. Затоа се решивме за субвенционирање на инвентори за да им помогнеме на семејставата кои немаат средства, бидејќи и граѓаните не сакаат да загадуваат, но немаат средства, рече Макрадули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега