Филипче: Ќе ги имаме предвид сите кои сега не добиваат зголемување на платите во здравството

 

Ветивме поголема плата за лекарите и сестрите, веќе е тоа делумно остварено. Дефинитивно процесот ќе се заокружи во февруари кога ќе се достигнат стоте илјади денари на клиниките, блиску стоте илјади денари заедно со дежурствата нето примања во сите други болници и во следен чекор веднаш кога ќе може ќе ги имаме предвид сите тие кои сега не добиваат зголемување на платите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашања во врска со протестот на административно-техничкиот персонал од јавните здравствени установи, најавен за 26 декември пред Министерството за здравство, кој бара зголемување на платите.

Филипче посочи дека имале повеќе средби со администрацијата и со помошно техничкиот персонал. Политиката, пристапот, истакна, беше да инвестираме таму каде кадарот е најдефицитарен, а тоа се здравствените работниците, лекарите и медицинските сестри.

– Не можеме администрацијата да ја одделиме од останатата администрација во другите сектори во другите ресори. Во повеќето наврати во кои се сретнавме укажавме на тоа дека и покрај тоа што сакаме да пробаме заедно со Министерството за информатичко општество и администрација да направиме доколку може законски измени за таа администрација да се иземе од останатата, па да имаме простор во иднина тоа да го направиме, дека сега зависиме и од средствата кои треба да се имаат предвид за зголемување на плати и за останатата администрација, заради тоа што тоа е фер и коректно, додаде Филипче по посетата на Универзитетската клиника за очни болести. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега