Османи: Немаме конечна одлука дали ќе коалицираме пред изборите

Бујар Османи вели дека ДУИ нема донесено конечен став дали пред предвремените парламентарни избори ќе коалицира или пак, како партија ќе настапат сами.

Тој за ова зборуваше вечерва во емисија на Алсат.

- „Конечна одлука не сме донеле кој со кого да оди. Тоа беа наши ставови, дека подобро е да одиме сами на изборите. Изборите се закажани за 12 април, со консензус на политичките партии. Во однос на дебатата, дали ќе се смени или не датумот, теоретски може да се смени само со консензус. Моментално е овој постигнат консензус и партиите треба да ги прават своите подготовки. Што значи се уште немате конечна одлука, ќе одите сами? Конечна одлука ќе донесе генералниот совет, после Конгресот, кој ќе се одржи во сабота, каде ќе се избере генералниот совет. И овој совет во ДУИ според статутот ќе донесе одлука. Со кого би оделе во коалиција? Не можам да зборувам за хипотетички ситуации“, вели Османи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега