Фрчковски: Ветингот со фокус на имотот ќе биде разочарување

Професорот Љубомир Фрчковски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека ветингот како што власта го има замислено ќе биде големо разочарување.

-Генералниот реизбор беше наша желба, тие веднаш да угушија таа идеја дека некој во Брисел им шепнал дека идејата е застрашувачка. Она што не може да се оправда, неможноста да се сменат судиите кои се очигледни компромитирани. 20тина сменети судии ќе донесе резулатат. Ветингот како што го замислуваат со фокус на имотот ќе биде големо разочарување. Прва точка на ветингот треба да биде нестручното работење и служба за партиската власт. Ветингот како што го замислиле нема да даде резулатат, и повторно Заев ќе биде крив како предлагач. Тие 20тина судии кои се јасно комромитирани нема да бидат фатени со ваквиот ветинг, рече Фрчковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега