Арсовски: Идеална е една изборна единица

Што се однесува до науката нема никаква дилема дека математички една изборна единица, со отворени листи и пропорционален дел е најдобриот изобрен модел.

Ова вечерва го вели политичкиот аналитичар Предраг Арсовски за Телма.

-Поентата на изборниот модел е да ја намали дисторзијата помеѓу бројот на гласови и бројот на пратеници односно ако сте освоиле 12 отсто гласови, да имате навистина 12 отсто пратеници, а не 9 со 15. Оние кои се бунат дека би добиле или изгубиле гласови, тоа нема врска со изборниот модел. Изборниот модел е математичка операција, а не политичка. Доколку некој со новиот модел изгуби пратеници, значи не треба да ги има, доколку некој добие, значи му биле закинати порано, вели Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега