Кабинет на Џафери: Лидери на партија не каниме

По реакцијата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека тој не бил поканет на обраќањето на претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска од кабинетот ја пренесуваат неговата реакција дека Собранието сепак требало да испрати покана до опозицискиот лидер.

- „И покрај се, сметаме дека и на инаугурацијата и вчера требаше да присуствува и лидерот на опозицијата“, велат од кабинетот на Претседателот.

- На годишното обраќање на претседателот на државата не беше поканет ниту еден од лидерите на политичките партии а со тоа покана не беше испратена ни на Христијан Мицкоски. Не само на ова, туку и на сите досегашни обраќања на шефовите на држави не биле поканувани лидери на партии единствено, кога тие биле пратеници. Така и овој пат поканети беа само пратениците“, истакнуваат од кабинетот на Претседателот на Собранието, пренесе ТВ21.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега