Макрадули: Зазеленуваме за почист воздух

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули учествуваше во денешната акција „Зелен лист, воздух чист“ за зазеленување на дворни површини во градинките, основните и средните училишта, во рамки на Планот за чист воздух.

Со иницијативата, која е на Факултетот на земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет во Скопје, предвидено е во секоја скопска општина зголемување на процентот на зеленило со плодородни дрвја – овошни урбани паркови и урбани градини, во градинките, основните и средните училишта.

Почетокот на активноста за зазеленување на дворната површина го означија заменик министерот Макрадули и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски со засадување на бадеми пред објектот на ЈДГ „Весели цветови“, „Синоличка“.

Во периодот што следува „Синоличка“ ќе добие зелена ограда од зимзелени садници, нова тревна површина, а нејзиниот двор ќе го збогатат повеќе елки, зимзелени магнолии, багреми, лешници, дуњи и туји.

Дворот ќе го разубават и разни видови цвеќиња. Со ова хортикултурно уредување, на површина од 2596 м2 ќе бидат засадени вкупно 250 дрва. Додека за одржување на зеленилото ќе биде поставен нов систем за полевање со прскалки.

Оваа мерка има двојна функција и значење, како во однос на грижата и одговорноста кон животната средина, така и во однос на унапредување на воспитно – образовниот процес на нашите деца.

Од Планот за чист воздух, за Општина Кисела Вода издвоени се средства од 1,5 милиони денари за хортикултурно уредување и реконструкција на дворна површина со зелена површина на ЈДГ „Весели цветови“, „Синоличка“. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега