Маричиќ национален координатор за ЕУ, Берлинскиот процес и регионална соработка, Забрчанец за стратегиски комуникации

Владата го именуваше Бојан Маричиќ за национален координатор за интеграција во Европската Унија, Берлински процес и регионална соработка, а Марјан Забрчанец е именуван за национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата.

Овие две именувања на национални координатори се со цел за време на техничката влада да се обезбеди контиунитет во започнатите процеси во сферата на европските интеграции и регионалната соработка, како и во сферата на професионализацијата на владините јавни комуникации согласно владината комуникациска стратегија, појаснуваат од Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега