Анкета: Мнозинството граѓани не се задоволни од квалитетот на учебниците

 

Квалитетот на учебниците предизвикува најголемо незадоволство меѓу граѓаните, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 54,4% од анкетираните рекле дека не се задоволни од квалитетот на учебниците во образованиот процес, додека спротивен став имаат само 23,6% од граѓаните. 

49,9% велат дека не се задоволни од квалитетот на програмите во образованиот процес за разлика од 26,3% кои се убедени во спротивното. Најзадоволни граѓаните се од квалитетот на наставниот кадар но и овде, бројот на оние кои се незадоволни е поголем. Бројките велат дека 34,1% од граѓаните се задоволни од квалитетот на наставниот кадар наспроти 45,7% кои не се задоволни.

Анкетата за потребите на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 16 до 19 ноември врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега