Заев: Зарем крварев за да се договорам со некој тајно

Во интервју за НОВА, премиерот Зоран Заев на прашањето дали постојат договори помеѓу едната и другата партија за да се забошотат некои криминали и зошто за некои случаи судот постапува експресно, а во некои се одолговлекува во бескрај, кажа:

-Зарем крварев за да се договорам со некој тајно? Зарем семејството ми беше под закани целиот период, како и многу други семејства во нашата земја, за да некој тајно да се договори со кој? Со бегалецот да се договорам во Унгарија? Со Сашо Мијалков? Со кој да се договорам во државата? Можам да се договорам само со мојот народ. Да доживее правда и да се понесе одговорност од секој - кажа Заев.

Тој посочи дека притворите не се правда. 

-Судските пресуди се правдата. Кога треба да има конечна пресуда и некој да си ја одлежни казната- кажа Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега