„Вратете ни го воздухот чист“ – струмичани излегоа на протест против загадувањето

„Вратете ни го воздухот чист“ гласи пораката која ја испратија струмичани преку вчерашниот протест на градскиот плоштад, пренесува радиомоф.мк.

Додека надвор загадувањето со ПМ 10 честички беше речиси двапати над дозволеното, граѓаните побараа редовна и континуирана контрола на индустриските капацитети во попладневните и вечерните часови и да се прави запис за реагенсите што се користат при работата. Покрај ова, побараа и засилена контрола на депонијата кај селото Добрашинци, но и да се стави крај на сечата на дрвја на планината Еленица и струмичките ридови.

„Овој проблем се провлекува повеќе години наназад и сите сме свесни за тоа, но во последните три години веќе ескалира и сериозно го загрозува животот на граѓаните на општина Струмица. Преку овој апел сакаме да изразиме поддршка и ги охрабриме надлежните органи да направат поголеми напори за да се реши овој горлив проблем што не засега сите, бидејќи правото на живот е фундаментално, основно човеково право и никој нема право да го загрозува“, истакнаа жителите на вчерашниот протест.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега