Царовска, Филипче и Сугарески: Владата посветено работи на подобрување на условите за живот на децата со попречност

Министрите за труд и социјална политика, за здравство и за транспорт и врски, Мила Царовска, Венко Филипче и Горан Сугарески денеска во Владата на Република Македонија се сретнаа со претставници на родителите на деца со попреченост со кои разговараа за нивните проблеми и барања, соопшти владината прес служба.

Тројцата министри им најавија дека наредниот период ќе работат на законски измени и правилници со коишто ќе ги опфатат нивните иницијативи и барања, меѓу коишто се зголемување на правото за попреченост, намалување на старосната граница за користење на персоналната асистенција, ослободување од партиципација на лицата со попреченост над 26 години и можноста за користење на лесно пристапни социјални станови. Во делот на барањата се и добивање на надстандардни ортопедските помагала за што министерот Филипче најави дека во тек се законски измени .

„Владата посветено работи на подобрување на условите за живот на сите лица со попреченост во државата. Минатата годината посебниот додаток за деца со попреченост беше зголемен за 15%, надоместокот за скратено работно време е покачен до 50% од просечна плата, проширено е правото на користење на додатокот за попреченост и за лицата со интелектуална попреченост. Со Закон за социјална заштита, родителот кој се грижи за своето дете до неговата 26 година без да биде институционализиранo и кој е невработен и не користи старосна пензија, има право на пензија. Ова право жените го остваруваат на 62 години, а мажите на 64 години возраст. Исто така, воведени се две целосно нови услуги- персонална асистенција и помош во домот“ стои во соопштението.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега