Камчева: Боки рече за два дена ќе го уапсат Мијалков, така и беше

Освен дека првообвинетиот во Рекет, Бојан Јовановски, му барал пари на Орце Камчев со образложение дека ќе му помогне да не се отвораат постапки за него, на денешното рочиште каде сведочеше сопругата на Камчев, Ана Камчева, таа рече дека Боки13 знаел и за отворањето постапки за други лица, меѓу кои и Мијалков.

- „Сашо Мијалков ќе биде притворен за два дена“, рече Камчева одговарајќи на прашање дали Јовановски споменувал и други лица.

Во текот на сведочењето таа посочи дека имала средби со Јовановски во канцеларијата во 1ТВ, во неговиот дом и во нејзиниот ресторан Сушико.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега