Камчева: Катица никогаш не побара пари од мене

Адвокатката на Катица Јанева, која на Орце Камчев не му постави прашање во петокот, денеска на судењето за „Рекет“ вкрстено го испрашуваше сведокот Ана Камчева, сопруга на бизнисменот Орце Камчев.

- „Како бевте уверена во влијанието на Катица Јанева врз Бојан Јовановски?“, праша адвокатката, а сопругата на камчев одговори дека Јовановски кажувал какви докази има во Империја и зборувал на спикерфон со Катица.

„Дали некогаш Јанева побарала пари од вас?“, праша адвокатката.

„Бојан бараше, Катица не. Никогаш“, одговори сведокот.

Камчева кажа дека парите кои му ги дала на Боки13 биле 50-ки, 100-тки, 200-тки, 500-тки.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега