Деркоски: Гласачите од Пустец сеуште се на избирачки список

Во избирачкиот список веројатно е дека сè уште се наоѓаат гласачите од Пустец, сè додека ја имаат личната карта и пасош.

Ова го вели Оливер Деркоски, претседател на Државна изборна комисија (ДИК) во неделното интервју на РСЕ.

На прашање дали МВР или Обвинителство до вас поднеле некаква претставка или барање, Дерковски вели: „Не, не ни можат и не треба да поднесат, затоа што тие треба во своите постапки доколку утврдат вина при издавањето на таквите лични документи, во тој случај треба да му наредат на органот што издал такви документи да ги поништат. Во ниедна друга ситуација не може да бараат од нас или од било кој друг да се спроведе било каква постапка. Да се разбереме тие граѓани имаат наше државјанство, и тие како и сите други граѓани кои имаат наше државјанство имаат право на глас“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега