Анкета на ИПИС: Рејтингот на ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ расте, на СДСМ опаѓа

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2 и 6 Декември 2019 на 1121 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка на политичките партии. Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија.

Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности. Во прилог се резултатите од истражувањето во однос на рејтингот на политичките партии, при што е прикажана генералната поддршка на политичките партии споредена со претходните две објавени истражувања, како и рејтингот кај етничките македонци и албанци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега