Жерновски: Горди сме што ќе ко-прерседаваме со Берлинскиот процес 2020

Денеска, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски,  присуствуваше и се обрати со говор на отворањето на конференцијата – Научените лекции од Познан 2019: пред ко-претседавањето со Берлински процес 2020, Северна Македонија- Бугарија.

Конференцијата беше завршен настан на проектот насловен  “Кон одржлива регионална соработка, Берлински процес и пошироко”, кој е поддржан од European Fund for the Balkans (EFB) и реализиран од Институтот за демократија- Социетас цивилис- Скопје  и The Southeast European Think Net Network. 

Теми на дискусија беа работната рамка за Ко-претседавањето на Северна Македонија и Бугарија со Берлински Процес 2020 и кои политики се очекува да резултираат од ко-претседавањето.

На конференцијата свое обраќање имаше и Државниот секретар за полската заедница во странство, европска политика, јавна дипломатија и културни работи, во полското МНР, г-дин. Шимон Шинковски, а учествуваа и други говорници.  

Жерновски, во своето обраќање истакна дека ко-претседавањето со Берлински процес заедно со пријателска Бугарија е одлична шанса да се покаже дека Република Северна Македонија не само што е посветена на регионалната соработка и добрососедските односи, туку може да даде значителен инпут за нејзино придвижување кон саканите резултати компатибилни со процесот на европската инеграција. 

“Берлинскиот процес, не претставува алтернатива за членството во ЕУ, напротив тоа е вистинскиот начин со кој може да се покаже дека  земјите од Западен Балкан посветено работат на европската интеграција на регионот”, потенцираше Жерновски.  

Исто така, тој нагласи и дека БП 2020 за прв пат ќе биде во формат на ко-претседавање, меѓутоа и за прв пат една од земјите- домаќини ќе биде земја која не е членка на ЕУ, а е дел од регионот на Западен Балкан. 

Земјите од Балканот припаѓаат на европското семејство - географски, историски, културно, вредносно, и својата иднина ја гледаат како дел од Европската Унија. Перспективата за членство во ЕУ е мобилизирачки фактор кој ги обединува сите општествени чинители и движечка сила за успешно спроведување на реформите и справување со предизвиците со кои се соочуваме на тој пат. Консолидацијата на Европската унија може и треба да се одвива паралелно со европската консолидација на Балканот, заклучи ЗМНР Жерновски во своето излагање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега