Доделени благодарници на учесниците во спасувачката акција по земјотресот во Драч

Градоначалникот Шилегов и заменик градоначалникот Енвер Малиќи  денеска им доделија благодарници на пожарникарите и на доброволците коишто  беа дел од екипите што заминаа во Албанија и учествуваа во спасувањето на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч.

Благодарници им беа доделени на доброволците Артан Демири, Исма Рамадани, Неџати Бериша, Зекирија Мурат и Јахи Исеновски, како и на пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, Трајче Кметовски, Среќко Цимевски и Нуредин Мустафа.

Пожарникарите и доброволците се приклучија на спасувачките служби и учествуваа во извлекување и спасување  на повредените во земјотресот, како и во расчистување на урнатините од  оштетените објекти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега