Елизабета Ѓоргиевска на отворањето на Центарот за рани интервенции и третман кај деца

Сопругата на претседателот Стево Пендаровки, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Охрид присуствуваше на отворањето на Центарот за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар во ЈЗУ Општа болница – Охрид, наменет за деца на возраст од 2 до 8 години, соопштија од претседателскиот кабинет.

Центарот е изграден со донација на Владата на Република Бугарија преку Програмата за помош и развој за 2019 година. Носител на проектот е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, а е поддржан од Министерство за здравство на Република Македонија, кое ги отстапи просториите за користење во рамки на Општата Болница во Охрид и болницата Св. Еразмо.

„Навистина ова претставува преубав простор, кадешто ќе може децата да се третираат со најсовремени методи. Им посакувам успех во иднина. Како што слушнавме, веќе има пријавено пациенти и се повеќе ќе се пријавуваат. Верувам дека овој центар ќе придонесе за подобрување на здравствената состојба на голем број деца“, изјави Ѓоргиевска.

На отворањето на центарот присуствуваа и Венко Филипчe, Кирил Ананиев, министер за здравство на Република Бугарија, Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, Славица Малеска Стојадиновиќ,  директор на ЈЗУ Општа болница - Охрид, Златко Стојановски, претседател на Здружението за аутизам „Во мојот свет“, Димитар Иванов, генерален бугарски конзул во Битола и Антонија Велева, советник во Амбасадата на Бугарија во Скопје.

Сопругата на Претседателот, заедно со дел од присутните на отворањето на Центарот, ќе посетат основни училишта во три битолски села: Бач, Радобор и Чарлија. Во ОУ „Гоце Делчев“ во с. Чарлија, на официјалното презентирање на реализираните проекти за реконструкција на училиштата од страна на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, учениците од трите училишта ќе изведат пригодна програма.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега