Полициска акција во фирми на Камчев

Полицијата утринава влегла во повеќе фирми, од кои дел се поврзани со бизнисменот Орце Камчев, а во врска со долгот од над 400.000 евра на сметката од ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.

Од МВР ја потврдуваат информацијата, но засега не излегуваат со детали.

Според првични информации, инспектори има во фирмата Монт, која е дел од Орка Холдингот на Камчев, како и во фирмата Полиестердеј која била ангажирана од партијата да ги печати маиците за кампањата. Се проверува уште една фирма, Горфактори од Шпанија, за која се уште нема информации во каква конкеција е со првите две.

 

Инаку, аферата се појави откако ревизорите ги објавија извештаите за претседателските избори. СДСМ, по ова ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека незаконски ја затвориле наменската сметка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега