Заев: Го живееме сонот на генерациите пред нас, стануваме 30-та членка на НАТО

По Самитот на НАТО во Лондон, Заев се огласи на фејсбук и напиша дека го живееме сонот на генерациите пред нас.

„Ја остваривме целта кон која се стремевме цели 27 години. Стануваме 30-та членка на НАТО. Обезбедивме трајна сигурност, економски развој и сигурна иднина за нашите деца.

Го живееме сонот на генерациите пред нас, на сите граѓани и лидери од нашата земја кои се вградени во остварувањето на стратешкиот стремеж кој започна со независноста на нашата земја. Се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да ја направиме членка на НАТО“ напиша Заев на фејсбук.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега