Османи во Венеција во одбрана на Законот за јазиците: Тој е директна рефлексија на Рамковниот договор

Вицепремиерот Бујар Османи од Самитот во Лондон оди во Венеција каде што, како што напиша на Фејсбук, ќе ги брани позициите на Владата за Законот за јазиците.

„На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на Владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот Договор но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава“ напиша Османи на фејсбук.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега