Отворени телефонски броеви за донации за повредените во земјотресот во Албанија

Црвениот крст на Република Македонија изразувасочувство до граѓаните, семејствата и институциитена Албанија, за жртвите од земјотресот. Во исто време, сме со мисли, надеж и верба да бројот на жртвите не се зголеми и посакуваме брзо оздравување.

Црвениот крст ја следи состојбата на терен и е во постојан контакт со Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Албанскиoт Црвен крст и владините институции со цел утврдување на приоритетните потреби на терен и организирање на хуманитарен одговор.

Црвениот крст на РМ донесе одлука од сопствени резерви да додели првична парична помош во висина од 10 000 евра наменета за жртвите од земјотресот, како и материјална хуманитарна помош:

Воедно ги објавуваме и телефонските броеви за донации „ 070/075/077 143 400 “ како и бројот на жиро сметката на фондот за солидарност „ 300000001327966 “каде што заинтересираните граѓани може да уплатат парични средства.

Заинтересирани лица од други земји може да донираат на:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSSOF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Исто така се понудени тимови за одговор при катастрофи од Црвениот крст на РСМ за помош и поддршка на Албанскиот Црвен крст во справување со последиците од земјотресот. По направените проценки наредните денови Црвениот крст на РСМ дополнително ќе се ангажира за обезбедување на хуманитарна помош.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега