Пендаровски- Дендиас: Македонија е силно посветена на развој на партнерството со Грција

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими Никос Дендиас, министер за надворешни работи на Република Грција, кој престојува во посета на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Грција, за европските и евроатлантските перспективи на  Македонија, како и за состојбите во регионот.

Претседателот Пендаровски истакна дека  Македонија е силно посветена на развој на партнерството со Грција, базирано на пријателство и заедничкиот интерес на граѓаните на двете држави за просперитетен регион. Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Преспанскиот договор е чекор што ја демонстрира посветеноста за развој на добрососедски односи и соработка.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за силната поддршка од Грција за почеток на претпристапните преговори на  Македонија со Европската унија за време, и по последниот Европски Совет. Претседателот Пендаровски истакна дека, во очекување на новата методологија за водење на пристапните преговори,  Македонија е фокусирана кон интензивирање на реформскиот процес, со цел што поскоро отворање на пристапните преговори за членство со ЕУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега