Мицскоски во телефонски разговор со Мета: Ваквите трагедии покажуваат дека е потребно надминување на разликите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод земјотресот во Албанија остварил телефонски повик со претседателот на Албанија Илир Мета.

-Остварив телефонски разговор со Претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета, во кој изразив најдлабоко сочувство за загубените човечки животи по големиот земјотрес кој го погоди Драч и околината на Албанија.

И во ваквите тешки мигови кај човека го истакнуваат најсветлото, помагањето, солидарноста, хуманоста, затоа во овие моменти е потребна обединетост во една заедничка мисија, помош за семејствата на настраданите и повредените во оваа голема природна катастрофа.

Ваквите трагедии покажуваат дека е потребно надминување на разликите и дека е важно меѓусебното почитување.

За македонскиот народ и Македонија ваквите природни катастрофи од овој обем не се непознати и токму поради тоа сме спремни да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО ДПМНЕ, но пред се како луѓе.

Уште еднаш би сакал да изразам најдлабоко сочувство со албанскиот народ и посакувам што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега