Само еден на четворица млади е подготвен да работи што било за плата

Само една четвртина од младите се подготвени да работат било што доколку нема работа според нивната професија покажува последната анкета која за Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 26,8% од анкетираните кои имаат до 29 години се подготвени да работат било што доколку не можат да најдат работа според струката. За разлика од младите, 39,3% граѓаните кои имаат над 60 години се подготвени да работат било каква работа ако не можат да заработуваат од својата струка. 

Генерално гледано, 35,3% од сите граѓани се подготвени на било каква работа. Доколку не можат да се вработат по струката, 20,2% од анкетираните се подготвени да се преквалификуваат, а 17,7% да се иселат од државата. 13,4% од анкетираните велат дека се подготвени да чекаат се додека не се отвори работно место кое одговара на нивното образование. 

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е изработена по нарачка на Детектор спроведена врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 25 до 29 октомври годинава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2019 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега