Детектор: Зошто младите си одат од Македонија?

Младите не се иселуваат само поради пари. Дел од причините поради кои младиот човек се решава да ја напушти Македонија лежат и во целиот амбиент во кој што функционира државата.

Советникот на опозицискиот лидер Мицкоски, Стефан Андоновски во Детектор вели дека младите си заминуваат за да си го зачуваат достоинството.

Прашањето на иселувањето кај младите станува прашање на достоинство,  односно на немање на достоинство. Ако пред неколку години дискутиравме дека стапката на невработеност кај младите е многу висока и заради тоа  младите се иселуваат, денеска зборуваме за други причини, за други  дополнителни проблеми со кои младите се соочуваат. Па така знаеме за обвинители кои добиваат плати од 3.500 – 4.000 евра, или деновиве дознавме дека добиваат бонуси од над 170.000 евра додека младиот човек се мачи за плата од 15-16.000 дури и на влезни позиции во јавната администрација. “ – вели Андоновски за Детектор
Иван Јованов од Мрежата за спречување на одливот на мозоци вели дека две третини од младите си одат поради финансиски причини, но голем е бројот и на оние кои се фрустрирани од целокупниот амбиент во којшто функционира државата.

„74% од младите што си одат  заради работа и заради финансии. Но тоа не е единственото, ако порано мислевме дека си одат поради тоа, не си 
одат само заради тоа. Сакаат подобар живот, сакаат квалитет на живот. Тука спаѓа и воздухот кој никој не го зборува но многу млади си одат од добри позиции зошто не сакаат да дишат лош воздух. А третото е фрустрација од политичката ситуација. Значи 36% од младите си одат бидејќи се фрустрирани од целиот овој амбиент во кој што функционира нашата држава“ – вели Јованов за Детектор.

Проблемот со иселувањето е комплексен и владата во соработка со младите гради стратегии за намалување на одливот на мозоци, вели советникот за млади и спорт на премиерот Заев, Ѓорѓи Тасев.

„Добро е што системот почна да реагира и значително е подобрен делот каде што се вели дека власта знае да направи чекор назад, има доблест да ги преиспита своите позиции и повторно да се впушти во дијалоги тоа младите го препознаваат.Треба да сме свесни дека оваа влада има демократски капацитет, направи простор пред се да се слуша младинскиот глас, што е многу важно, вели Тасев за Детектор.

Ставовите на граѓаните во врска со причините за иселувањето ги имаме во најновото истражување на јавното мислење кое ќе биде објавено и анализирано во Детектор, денеска во 16:30 на Сител Тв.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2019 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега