Ел Чека: Сулејман Реџепи ми се закани по живот, го пријавив во полиција

Шоќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, за весникот Лајм вели дека од поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, добил закани по живот.

Преку неговиот брат, Ел Чека до весникот Лајм испратив Вибер разговор, за кој вели дека го остварил со поглаварот на ИВЗ.

Ако е вистина, разговорот содржи сериозни навреди од страна на шефот на ИВЗ кон Ел Чека, кој меѓу другото вели: „Јас не сум Али Ахмети, јас сум дибранец…“. Разговорот за кој тој тврди дека го имал со поглаварот на ИВЗ, Ел Чека го објави и на социјалната мрежа Фејсбук, заедно со бројот на претседателот на ИВЗ.

– Ова е причината зошто човек како овој Сулејман Реџепи кој користи јазик како неговиот шеф Али Ахмети треба да си оди од Исламската верска заедница. Не го разбирам овој Сула зошто се налути, можеби предавството на неговиот син со пријателите на неговиот татко кон Харун Алиу, пишува Ел Чека. Тој вели дека случајот го пријавил и во полиција.

И покрај обидите, Лајм не успеа да го контактира кабинетот на Реџепи за да заме став за ова прашање. Повратните информации од таму чекаме во следните денови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега