Се искршија три возила - Едно лице тешко повредено во Скопје

Едно лице е тешко повредено откако три возила се исскршиле во Скопје.

На улицата „Лука Геров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот И.К. од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот М.М. од Скопје и патничко моторно возило „фиат линеа“, со скопски регистарски ознаки управувано од 44-годишниот Ј.П.  од Скопје.

Во незгодата било удрено и паркирано патничко моторно возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од Ј.Т.(44) од селото Битуше.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.К. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега