Трагедија во Охрид: Маж загинал на лице место откако му се превртел тракторот

 

Вчера во околу 13:15 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во атар на охридското село Ливоишта, во несреќен случај животот го загубил 49-годишниот С.К. од истото село.

Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки било констатирано дека околу 13:00 часот, додека обработувал нива со трактор, изгубил контрола, по што тракторот се превртел. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега