Прегазен пешак во Куманово

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил во Куманово.

Како што информира МВР, вчера во 16:20 часот на регионалниот пат Куманово - Скопје, кај село Никуштак, патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Д.П. од Куманово, удрило во 80-годишниот Е.И. од Куманово. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега