Во домот на Фросина Ременски пронајдени документи за „Монструм“ и „Диво насеље“

Обвинителството за организиран криминал ги потврди информациите на МКД.мк дека при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ Фросина Ременски за новата истрага за случајот Рекет се најдени доверливи документи, пишува МКД.

Новата истрага за случајот Рекет се води за невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, чиј почесен претседател беше Фросина Ременски.

При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што потекнуваат документите и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка. Документите што ги наведувате во вашето прашање не се пронајдени при претресот, се вели во одговорот до МКД.мк на Јавното обвинителство.

Според неофицијалните информации на МКД.мк, во домот на семејството Ременски биле пронајдени доверливи документи од случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и преписки на поранешните први луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. Обвинителството ги демантира овие информации.

Сопругот на осомничената Ременски, Јовче Ременски, беше помошник директор во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Во новата истрага за случајот „Рекет“ опфатени се 5 лица. Одземените предмети во овој случај се на вештачење, кое треба меѓу другото да утврди дали Јовче Ременски имал овластување од директорот на УБК да чува доверливи информации во својот дом.

Сите осомничени лица се поврзани со невладината организација Меѓународен сојуз. Првоосомничениот, Бојан Јовановски, сторил продолжено кривично дело „измама” и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. Останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело „измама”, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега